Nokia N9 16GB - За Пораки

background image

Совет: За брз пристап до пораките, држете го телефонот исправен и повлечете

го прстот од под дното на екранот врз екранот. Држете го прстот на место, додека

да се прикаже лентата за брзо активирање.

Можете да испраќате текстуални пораки подолги од ограничувањето за бројот

на знаци за една порака. Подолгите пораки се испраќаат како две или повеќе

пораки. Вашиот обезбедувач на услуги може да изврши наплата соодветно.

Карактерите со акценти, или други знаци, или некои јазични опции, заземаат

повеќе простор, ограничувајќи го бројот на знаци кои може да бидат испратени

во една порака.

Употребување на услугите или даунлоадирањето на содржина може да

предизвика пренос на големи количини на податоци, кои можат да завршат со

трошоци за сообраќај на податоци.