Nokia N9 16GB - Користење на телефонот за првпат

background image

Користење на телефонот за првпат
Имајте одличен почеток – телефонот Ве води низ почетното поставување кога ќе

ја внесете SIM картичката и ќе го вклучите телефонот за првпат. Исто така, може

да се претплатите на услугата Tips and Offers, за да примате корисни совети и

трикови за тоа како да го извлечете најдоброто од телефонот.

За да ги користите услугите на Nokia, креирајте Nokia сметка. Потребна Ви е

интернет конекција. За информации во врска со наплаќањето на преносот на

податоци, контактирајте со Вашиот оператор на услуги. Ако не можете да се

поврзете на интернет, можете подоцна да креирате сметка.

Ако веќе имате Nokia сметка, пријавете се.

Совет: Сте ја заборавиле лозинката? Можете да побарате да Ви биде испратена

во e-mail или текстуална порака.

За подоцна да креирате Nokia сметка, употребете го телефонот за да пристапите

кон услуга на Nokia и ќе Ви биде побарано да креирате сметка.

За да остварите итен повик за време на почетното поставување, одберете ја .