Копирање содржина од компјутерот
Добијте одличен почеток без да пропуштите нешто. Можете да ги копирате
Вашите вани информации, како записи во календарот и контакти, на новиот
телефон од компјутерот.
Ако календарот или другите содржини се зачувани online, на пример, на сметка
на Google, Microsoft Exchange или Windows Live, само додадете ја сметката во
телефонот и синхронизирајте ги содржините директно од облакот со податоци.
1 Одберете .
2 Додајте ја сметката во телефонот.
3 Проверете дека синхронизацијата е активна и одберете
Done
.
Совет: Ако користите online календар, можете да го синхронизирате со CalDAV.
Ако Вашите содржини, како контактите и записите во календарот, се зачувани
само локално во Outlook на компјутерот, копирајте ги на телефонот од Вашата
сметка на Hotmail.
1 Синхронизирајте ја саканата содржина од Outlook на Hotmail со користење
на Microsoft Office Outlook Hotmail Connector. За да ја даунлоадирате и
инсталирате апликацијата, побарајте ја на www.microsoft.com/download и
следете ги упатствата што се прикажани на компјутерот. Може ќе треба да
одберете рачно да ги наместите прилагодувањата.
2 За увоз на содржината од Hotmail во новиот телефон, одберете и
Add
account
>
Mail for Exchange
.
3 Впишете ја Вашата e-mail адреса за Hotmail или Windows Live, корисничкото
име и лозинката и одберете
Manual setup
.
4 Впишете m.hotmail.com како адреса на серверот и одберете
Done
.