
Вметнување на SIM картичката
Овој уред е направен за употреба само со мини-UICC SIM картичка, исто така
позната како микро-SIM картичка. Микро-SIM картичката е помала од
стандардната SIM картичка.
Не лепете какви било налепници на SIM картичката.
1 За да го отворите поклопецот на микро-USB конекторот, притиснете го
левиот крај на поклопецот.
8
За почеток

2 За да го отклучите држачот за SIM картичка, излизгајте го држачот налево.
Внимателно извлечете го држачот.
3 Проверете дали контактната област е свртена нагоре и вметнете ја SIM
картичката во држачот за SIM картичка.
4 Вратете го држачот за SIM картичката назад во телефонот. За да го заклучите
држачот за SIM картичка, излизгајте го надесно.
5 Затворете го поклопецот на микро-USB конекторот.
Отстранување на SIM картичката
1 Отворете го поклопецот на микро-USB конекторот.
2 За да го отклучите држачот за SIM картичка, излизгајте го држачот налево.
Внимателно извлечете го држачот.
3 Извлечете ја картичката.
За почеток
9